Интензивна соработка меѓу занаетчиските комори на Македонија и Словенија

Bez autora
Sep 11 2011

Во текот на одржувањето на годинешниот „Меѓународен саем за широка потрошувачка, занаетчиство и претприемништво Цеље 2011“, кој трае од 7 до 14-ти септември, потпишан е Меморандум за меѓусебна долгорочна соработка меѓу Занаетчиско-претприемничката комора на Словенија и Занаетчиската комора на Македонија. Словенечката страна ја претставуваше претседателот на комората Штефан Павлињек додека македонската неговито колега Глигор Цветков. Меморандумот е потпишан за воспоставување деловна соработка, разменување бизнис информации, знаења и искуства, како и зајакнување на соработката помеѓу занаетчиите и стопанствениците на двете држави и паралелно развивање на пријателски и деловни односи меѓу двете земји.

Интензивна соработка меѓу занаетчиските комори на Македонија и СловенијаВо текот  на одржувањето на годинешниот „Меѓународен саем за широка потрошувачка, занаетчиство и претприемништво Цеље 2011“, кој трае од 7 до 14-ти септември, потпишан е Меморандум за меѓусебна долгорочна соработка меѓу Занаетчиско-претприемничката комора на Словенија и Занаетчиската комора на Македонија.

Словенечката страна ја претставуваше претседателот на комората Штефан Павлињек додека македонската неговито колега Глигор Цветков. Меморандумот е потпишан за  воспоставување деловна соработка, разменување бизнис информации, знаења и искуства, како и зајакнување на соработката помеѓу занаетчиите и стопанствениците на двете држави и паралелно развивање на пријателски и деловни односи меѓу двете земји.

Како што беше истакнато, и двете комори несомнено имаат заеднички полиња на интерес, меѓу кои: деловна соработка која ќе се остварува врз темел на размена на информации и искуства од областа на производство, нудење услуги, информации за пазарот, техники и технологии на организациите, модерен дизајн и сл; воспоставување соработка при поврзувањето на занаетчиите и стопанствениците; размена на податоци за понудата и побарувачката за производи и услуги на двете комори, како и партнерска соработка на коморите при подготовка и реализација на заедничките проекти кои ги финансираат Европската унија и други организации и институции како и сите облици на лобирање кај институциите на власта.

Соработката со една комора од земјите на Европската унија секако ќе придонесе и за доближување на македонското законодавство до законодавството на ЕУ кое одговара со современите светски трендови во занаетчиството и претприемништвото, велат од Занаетчиската комора на Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik